Македонија гостува кај Велс во клучен дуел за бараж за СП 2026

18.11.2025 09:52

Постојат и теоретски шанси за директен пласман – доколку Лихтенштајн приреди сензација и ја победи Белгија, а Македонија триумфира во Кардиф.

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот гостува кај Велс во Кардиф, во последниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026. Избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе се обидат да го задржат непоразениот низ и да обезбедат место во баражот.

Постојат и теоретски шанси за директен пласман – доколку Лихтенштајн приреди сензација и ја победи Белгија, а Македонија триумфира во Кардиф.

Велс мора да победи за да го обезбеди второто место во групата, додека Македонија влегува во мечот без пораз во целиот квалификациски циклус.

Натпреварот ќе го суди холандскиот арбитар Дани Макеле со помошниците Хесел Стегстра и Јан де Фрис. Четврти судија е Марк Нагтегал, а во ВАР собата ќе работат Пол ван Бокел и Рихард Мартенс.

 

Фото: ФФМ