Земјоделство

Прилепскиот тутунски комбинат започнува со откуп на тутунот

18.11.2025 10:00

Тутунарите ќе ги исплаќа два пати неделно. Ќе ги преземе договорените околу 2.300 тони тутун...

Прилепскиот тутунски комбинат на 34 пунктови, денеска почнува со откуп на тутунот од годинашнава реколта. Тутунарите ќе ги исплаќа два пати неделно. Ќе ги преземе договорените околу 2.300 тони тутун.

Министерот за земјоделство Трипуновски вели дека сите откупни компании обезбедиле средства за исплата и очекува откупувачите да ги нивелираат цените по класи.

Сите компании кога се склучуваа договорите имаат цени од 414 до 420 денари за килограм прва класа. Се очекува тие да бидат нивелирани и да стигнат до 420 денари за килограм, за прва класа.

Проверките на ИПАРД програмата, по злоупотребите во Платежната агенција ќе траат два до три месеци, вели Трипуновски. Уверува дека во националната поддршка нема застој.