15.300 денари за електронски уреди – апел до студентите за навремена апликација
Со оваа мерка директно им помагаме на сите семејства и ги олеснуваме трошоците за студирање, велат од Владата. Студентите ќе можат да аплицираат до 20 декември, додека подигнувањето на ваучерите ќе може да се реализира до 31 декември 2025 година.

Студентите ги добиваат ветените 250 евра, односно 15.300 денари, за купување електронски уреди, како лаптоп, таблет или персонален компјутер. Во известувањето утрово, владината прес-служба објаснува дека оваа мерка опфаќа дека сите студенти до 29 години, кои имаат запишано семестар во академската 2025/2026 година на додипломски студии на државните или приватните универзитети, ќе добијат по 15.300 денари за набавка на електронски помагала, во зависност од нивните потреби.
За студентите се издвојуваат 850 милиони денари од буџетот. Со оваа мерка директно им помагаме на сите семејства и ги олеснуваме трошоците за студирање, велат од Владата. Студентите ќе можат да аплицираат до 20 декември, додека подигнувањето на ваучерите ќе може да се реализира до 31 декември 2025 година.
Условите за конкурирање се објавени на веб-страницата на Владата, се вели во соопштението. Сите студенти можат да аплицираат на следниот линк: https://vlada.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/soopstenija/vlada-zapocna-aplic....
