ЦУК
Интензивните врнежи од дожд создадоа проблеми во Полошкиот регион
18.11.2025 11:34
Во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, забележани се проблеми со апсорпцијата на атмосферските и фекалните канализации во урбаните делови на градот...

Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, забележани се проблеми со апсорпцијата на атмосферските и фекалните канализации во урбаните делови на градот. Ова доведе до задржување и создавање водени површини под подвозниците и надвозниците.
Апелираме на зголемена внимателност при движење низ улиците и избегнување на сообраќајот кон наведените делови од патната инфраструктура.
Надлежните екипи се на терен и активно работат на надминување на состојбата, стои во соопштението од ЦУК.
