Кривичен Суд

Утре почнува судењето за пожарот во „Пулс“

18.11.2025 13:15

Утре во 09.30 во судницата во Идризово почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“ во Кочани која зема 63 човечки животи. На обвинителна клупа ќе седнат 37 обвинети...

Утре во 09.30 во судницата во Идризово почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“ во Кочани која зема 63 човечки животи. На обвинителна клупа ќе седнат 37 обвинети. Обвинителниот акт опфаќа тешки дела против општата сигурност. Ќе го води тим од 15 обвинители, најавени засилени безбедносни мерки и присуство на лекарска екипа. Покрај главниот предмет, се води истрага и против 13 полицајци поврзани со случајот, Обвинителството најави одлука декември.

Како течат последните подготовки, Анита Димитријевска Велковска известува од Идризово.