Алиу: Ќе бидат објавени имињата на докторите и болниците кои непотребно направиле операции
Имињата на докторите и болниците кои непотребно упатувале пациенти и направиле непотребни операции ќе бидат објавени, во интервју за „360 степени“ изјави министерот за здравство Алиу. Јавноста ќе ги знае по конечниот извештај кој сè уште е во драфт верзија и се чека мислењето на надворешните експерти.

На 11 состаноци интерната комисија за утврдување на основаноста на кардиоваскуларни интервенции, освен што ги разгледувале документите за секој пациент, повикуван бил и лекарот што ја вршел таа интервенција. Клиничкиот дел се анализирал на бим, се отворале дискови, се дискутирало по што 15-те члена на комисијата гласале. Кај десет пациенти неосновано биле извршени кардиоваскуларни интервенции. Тоа што претседателот на интерната комисија доаѓа од приватна болница и уште неколкуте членови, за министерот не е спорно.
Договорот со лекарите од странство треба да бидат потпишан наредната недела. За три недели треба да има конечен извештај за 10-те случаи.
Сите здравствени установи каде што се изведуваат кардиоваскуларни интервенции ќе бидат цел на проверки.
Наташа Јанчиќ - Менковски
