ПРИЛЕП

Почна откупот на тутунот

18.11.2025 13:33

Почна откупот на тутунот со што и официјално започна откупната кампања на годинашнава реколта. Се презедоа првите количества. Тутунарите се задоволни од процената но, за исплатливост бараат цената на првата класа да биде барем 600 денари за килограм …

Прилепскиот тутунски комбинат го почна откупот на тутунот со што е отворена откупната кампања за годинашнава реколта тутун. Како поминува првиот ден кога на вага се мери целогодишниот труд на производителите и какви се цените, известува Елизабета Мистреска.