Врнежливо до почетокот на идната недела
03.09.2014 10:33
Поголема стабилизација на времето не се очекува со оглед дека веќе влегуваме во септември, но врнежите ќе бидат поретки...

Денеска врнежите ќе бидат со послаб интензитет и кон крајот на денот ќе престануваат. Времето останува посвежо, со слаб, претежно југоисточен ветер и температура до 25 степени. Во Скопје слично, со температура до 23 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Поголема стабилизација на времето не се очекува со оглед дека веќе влегуваме во септември, но врнежите ќе бидат поретки.
Најмногу дожд, 101 литар на метар квадратен, во изминатото деноноќие наврнаа во Гевгелија. Во Скопје до осум часот утрово се измерени 60 литри. Најмалку дожд наврна во Охрид, пет литри, и во Берово, три литри.
