Респираторните вирози го наполнија Детскиот оддел во Куманово
Респираторните вирози го наполнија детскиот оддел во Куманово. Лекарите со апели до родителите за внимателност овој период. Допрва се очекува да расте бројот на заболени и од грип. Но, овој оддел доби и нов лик …

Респираторните вирози актуелни на Детското одделение во Куманово. Од здравствената установа информираат хоспитализирани се 28 дечиња, на различна возраст. За грип и останатите сезонски вируси, допрва се очекува бројот да расте.
Најмладиот пациент којшто е хоспитализиран на Детското одделение има само четири месеци.
Внесување повеќе здрава храна, но и физичка активност во овој период од годината, е препораката на здравствените работници.
„Во време кога ни е најзагаден воздухот да не престојуваат дечињата на отворен простор, кога ќе дојдат дома од градинка, од прошетка ако мора да се оди надвор задолжително да се измијат лицето, рацете, да се направи едно тоалета на нос, за да може нели некако да се заштитиме“, истакна Маргица Арсовска, педијатар во Детски оддел Општа болница Куманово.
Со донација на бизнис заедницата, Одделот доби две нови простории за дневна терапија, како и дополнителна опрема. Целта е да се подобри квалитетот на услугата.
Елена Георгиевска
