Тутунопроизводство
Прилепскиот комбинат почна со откупот на тутун, отворени 34 пункта
18.11.2025 18:19
Прилепскиот тутунски комбинат го почна откупот на тутунот со што е отворена откупната кампања за годинашнава реколта тутун...

Почна откупот на тутунот, се презедоа првите количества од годинашнава реколта. Прилепскиот комбинат отвори 34 пункта.
Тутунарите се на вага. Процената, велат е во ред, но бараат повисоки цени.
До крајов на неделава или до идниот понеделник се очекува сите 10 откупувачи да ја преземат реколтата.
Комбинат ќе купи 2.300 тони и ќе исплаќа двапати неделно. Сојузот на земјоделските здруженија го оценува како добар стартот на кампањата и велат, не се откажуваат од барањето за повисока цена.
Будно се следи да не се прекрши законот. Нема увоз на тутун додека трае откупот.
Елизабета Митреска
