Ѓорѓиевски, Муцунски и Љутков на координација за Скопје – Европска престолнина на културата 2028
Денес во Министерството за надворешни работи се одржа средба посветена на координацијата околу претстојната институционална презентација во Брисел за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“.

Денес во Министерството за надворешни работи се одржа средба посветена на координацијата околу претстојната институционална презентација во Брисел за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. На средбата присуствуваа министерот Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков.
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека средбата е јасен сигнал дека тимот има јасен план и работи синхронизирано, со прецизна стратегија и енергија. Тој додаде дека се гради заедничка комуникација со европските партнери, со цел Скопје да биде претставено достоинствено, современо и силно на европската културна мапа.
