Пенг изненадувачка полуфиналистка на Ју Ес Опен
Противничка на Пенг во мечот за финале ќе и биде поуспешната од мечот во кој се судираат Каролина Возниаки и Сара Ерани...

Завршница на тенискиот Гренд слем на Флашинг Медоу. На деветиот и десетиот ден во Њу Јорк ќе биде комплетирана четвртфиналната шема на машкиот турнир а кај тенисерките Шуанг Пенг е прва и изненадувачка полуфиналистка.
До резултатот на кариерата и историското Гренд слем полуфинале, кинеската тенисерка Пенг дојде со убедливата победа во два сета , 6-2 и 6-1, над швајцарската квалификантка Белинда Бенчич.
Противничка на Пенг во мечот за финале ќе и биде поуспешната од мечот во кој се судираат Каролина Возниаки и Сара Ерани.
На машкиот дел од Ју Ес Опен, Гаел Монфилс стана четвртфиналист откако го елиминираше во три сета Григор Димитров ( 7-5, 7-6, 7-5 ).
И хрватот Марин Чилич напредува меѓу осумте најдобри во Њу Јорк, по маратонот во пет сета против Жил Симон ( 5-7, 7-6, 6-4, 3-6, 6-3 ).
Четвртфиналето ќе го заокружат дуелите: Бердих -Тием и Федерер – Баутиста Агут.
