Министерството за енергетика

Започнува најголемата енергетска обнова на државните институции

18.11.2025 20:32

Министерството за енергетика го усвои тригодишниот план за модернизација и енергетска обнова на 14 јавни згради на државно ниво, кој ќе се спроведува во периодот 2025 – 2028. Станува збор за најобемната реконструкција на институции во земјата досега, а планот е усогласен со вкупно 33 државни органи.

Во програмата се опфатени објекти со вкупна површина од над 100.000 м2, кои секојдневно ги користат повеќе од 5.000 лица. Реконструкциите ќе опфатат мерки како топлинска изолација, замена на столарија, фотоволтаични системи, соларни колектори, модерни системи за греење и осветлување и автоматска контрола на потрошувачката.

Со обновата се очекува значително намалување на енергетските трошоци и редуцирање на емисиите на CO₂ за 29%, односно за околу 1.100 тони годишно. Вредноста на планот е проценета на 11,11 милиони евра.

Планот заемно ги групира институциите според итноста на интервенциите, а меѓу приоритетните објекти се зградите на Министерството за здравство, Државниот завод за статистика, Катастарот и Управата за хидрометеоролошки работи.

Министерството најавува обезбедување на потребното финансирање и брза подготовка на проектната документација, со цел реконструкциите да започнат што е можно поскоро. Програмата е дел од националната реформа за зголемување на енергетската ефикасност и е усогласена со европските директиви.