УХМР

Најмногу дожд на Попова Шапка, најмалку во Штип

18.11.2025 18:39

Најмногу дожд наврнало на Попова Шапка, а најмалку во Штип, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи до 16:30 часот денеска, а за претходните девет часа...

Најмногу дожд наврнало на Попова Шапка, а најмалку во Штип, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи до 16:30 часот денеска, а за претходните девет часа.

На Попова Шапка наврнало 35 литри на квадратен метар, 29 – Лазарополе, Пожаране, 25 – Тетово, 19 – Маврови Анови, 17 – Скопје-Зајчев Рид, 10 – Крушево, Тополчани, 7 – Претор, 6 – Охрид, 5 – Крива Паланка, Ѓуриште, Битола, Велес, Пожар, 3 – Прилеп, 2 – Струмица, Берово, 1 – Штип.

Максимална температура 11 била евидентирана во Крушево, Маврови Анови, 12 – Тетово, Лазарополе, 13 – Скопје-Зајчев Рид, Претор, 15 – Струмица, Крива Паланка, 16 – Скопје-Петровец, Берово, Прилеп, Охрид, Демир Капија, Велес, 17 – Гевгелија, Штип, 18 – Кавадарци, Битола, 19 – Виница.

Од УХМР потенцираат дека низ државата дувал умерен, наместа засилен ветер од јужен правец. Во Штип, ветерот достигнувал брзина до 60 километри на час.

Според синоптичарите, повремени врнежи од дожд ќе има и во текот на ноќта. Наместа врнежите ќе бидат пообилни – над 40 литри на квадратен метар за 24 часа. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.