интернет

Падот на „Клаудфлер“ предизвика прекин на голем дел од интернет сајтовите

18.11.2025 18:47

Повеќечасовен пад на „Клаудфлер“ предизвика хаос кај дел од глобалната интернет мрежа. веб-страниците се повторно функционални.

Повеќечасовен пад на „Клаудфлер“ предизвика хаос кај дел од глобалната интернет мрежа. Откако е пронајдена грешката веб-страниците се повторно функционални.

Проблемите што ги имаа многу веб-страници се предизвикани од прекин на гигантот за интернет-инфраструктура „Клаудфлер“, од каде што соопштија дека ја нашле грешката и инсталирале нејзина поправка која треба да им овозможи на системите низ целиот свет повторно да функционираат.

Проблемот зафати и повеќе македонски веб-страници, вклучувајќи медиуми, агретори на вести и институции.

„Клаудфлер“ обезбедува основни интернет-услуги, вклучувајќи заштита од кибернапади и алатки за одржување на стабилноста на веб-страниците при големо оптоварување.

Во прекинот беа погодени многу големи платформи, како „Икс“ (поранешно Twitter), ChatGPT на OpenAI, Spotify, Canva и други.