Временска прогноза
Облачно со повремени локални врнежи од дожд
19.11.2025 08:08
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец...

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во југозападните и јужните делови (над 30 l/m2 за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 7 до 11 степени, додека максималните ќе се искачат од 10 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен југоисточен ветер.
