Кривичен Суд

Денеска почнува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“

19.11.2025 08:12

Денеска почнува судењето за страотниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ во кој животот го загубија 63 луѓе. Комплицираниот судски процес во кој се обвинети 34 физички и 3 правни лица, ќе се одвива во големата судница во Идризово...

Денеска почнува судењето за страотниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ во кој животот го загубија 63 луѓе. Комплицираниот судски процес во кој се обвинети 34 физички и 3 правни лица, ќе се одвива во големата судница во Идризово. 15-тмина обвинители ќе го докажуваат обвинението за оваа трагедија.

Полициски екипи ќе контролираат кој влегува и излегува од судницата, а екипи на итната медицинска помош ќе асистираат ако е потребна лекарска грижа.