Собрание

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година

19.11.2025 08:28

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува со амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува со амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година. Поднесени беа 203 амандмани, а неколку беа повлечени од предлагачите од ДУИ. Вчера беа одбиени неколку амандмани, а прифатен амандман со којшто за пет милиони денари ќе се зголеми буџетот на Оперативно техничката агенција (ОТА) за нејзино доекипирање.

Со Предлог-буџетот за 2026, економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП.