УКРАИНА

Зеленски во посета на Турција

19.11.2025 08:52

Специјалниот американски пратеник Виткоф ќе се придружи на планираните состаноци. Од Кремљ велат дека нема да испратат свои претставници...

Украинскиот претседател во Турција ќе се обиде да ги обнови мировните преговори и размената на затвореници со Русија. Специјалниот американски пратеник Виткоф ќе се придружи на планираните состаноци. Од Кремљ велат дека нема да испратат свои претставници.

Во Истанбул се одржаа неколку рунди разговори во обид да се стави крај на војната во Украина, која почна во 2022 година, но дебатата досега е без значаен напредок. На фронтот и натаму битки. Одново на удар Харков, десетици се повредени. Русија ги засили бомбардирањата пред зимата.

Претседателот Зеленски при посетата на Грција, Франција и Шпанија обезбеди трансфер на гас, воена опрема и пари за обнова на инфраструктурата.