Светско првенство во кошарка

Украина и Доминикана изненадија

03.09.2014 10:37

Во шесте натпревари имаше три изненадувања и три очекувани исходи...

На Светското Првенство во кошарка што се игра во Шпанија комплетирана е третата рунда во „Ц“ и во „Д“ групите.

Во шесте натпревари имаше три изненадувања и три очекувани исходи.

Во третата група селекцијата на Украина во двобој со малку кошеви ја совлада Турција со 64-58 и се најде зад најголемиот фаворит за титулата репрезентацијата на САД, која третата последовна убедлива победа ја оствари над Нов Зеланд со 98-71.

И националниот тим на Доминиканска Република  неочекувано триумфираше против Финска , 74-68.

Во „Д“ групата Австралија ја изненади Литванија совладувајки ја со 82-75 но лидерската позиција  на табелата со три победи по ред ја освои Словенија која беше сигурна против Јужна Кореја со 89-72.

Мексико остана во водечкот квартет откако беше поуспешен од Ангола со 79-55.