Скопје

Опасна хемиска пена се излеа на булевар во Скопје – сторителот пронајден, следуваат казни

19.11.2025 08:59

На социјалните мрежи се појавија фотографии од пената која избива од шахтата на булеварот. Сторителот е пронајден и веднаш се постапува, објави градоначалникот Орце Ѓоргиевски...

Мистериозна хемиска пена беше забележана на булеварот „Александар Македонски“ во населбата Автокоманда. На социјалните мрежи се појавија фотографии од пената која избива од шахтата на булеварот. Сторителот е пронајден и веднаш се постапува, објави градоначалникот Орце Ѓоргиевски. Согласно со издадената наредна од инспекторатот на Град Скопје бил извршен вонреден инспекциски надзор. По направениот детален увид било забележано истекување на хемиска пена на јавна површина од правен субјект што стопанисува во непосредна близина, соопшти Ѓоргиевски.

За денеска најави детална анализа на елаборатот за животна средина кој субјектот е должен да го поседува, за утврдување на причините и евентуалните неправилности во оперативните процеси. Врз основа на утврдената состојба и собраните докази, кон правното лице ќе бидат преземени најстроги санациски мерки, напиша Ѓоргиевски на неговиот фејсбук-профил.