САД

Конгресот ќе му наложи на Министерството за правда да ги објави досиејата за Џефри Епштајн

19.11.2025 09:06

Претставничкиот дом со огромно мнозинство ја одобри мерката со 427 гласа „за“ и 1 „против“, а Сенатот едногласно ја забрза одлуката без формално гласање...

Двата дома на Конгресот се согласија да му наложат на Министерството за правда да ги објави досиејата за Џефри Епштајн. Претставничкиот дом со огромно мнозинство ја одобри мерката со 427 гласа „за“ и 1 „против“, а Сенатот едногласно ја забрза одлуката без формално гласање.

Изминатата недела Трамп и неговите врски со Епштајн беа повторно во насловите откако беа објавени повеќе од 20 илјади документи – а во некои од нив го споменуваат претседателот. Белата куќа негираше какво било кривично дело. Епштајн, изврши самоубиство во затворска ќелија во Њујорк во 2019 година. Тој беше притворен под обвинение за трговија со луѓе и сексуални престапи, а меѓу неговите клиенти се најдоа јавни лица.

Поранешната партнерка на Ешстајн отслужува 20-годишна казна за трговија со деца.