ЈАПОНИЈА
Голем пожар во Јапонија, едно лице загина, уништени над 170 домови
19.11.2025 09:09
Пожарот избувна по силниот ветер и се прошири во шумата. Десетици противпожарни возила и повеќе од 200 пожарникари беа мобилизирани за да се борат со пламените јазици...

Најмалку едно лице загина, а неколкумина се повредени во пожар кој зафати над 170 објекти во станбена населба, близу јапонскиот град Оита, на островот Кјушу. Пожарот избувна по силниот ветер и се прошири во шумата. Десетици противпожарни возила и повеќе од 200 пожарникари беа мобилизирани за да се борат со пламените јазици.
Бројот на згради и големината на областа го прават овој пожар најголемата урбана огнена стихија во Јапонија од пожарот во Саката во 1976 година.
