Македонските фудбалери прегазени од Велс со 7:1
И покрај неуспехот, избраниците на селекторот остануваат во игра за Светското првенство преку баражот, благодарение на пласманот во Лигата на нации.

Македонската фудбалска репрезентација доживеа тежок пораз на гостувањето во Кардиф. Со поразот од Велс со 7:1, беше прекината серијата од 14 официјални натпревари без пораз. И покрај неуспехот, избраниците на селекторот остануваат во игра за Светското првенство преку баражот, благодарение на пласманот во Лигата на нации.
Велс доминираше од самиот почеток. Хари Вилсон уште во 18. минута донесе водство од пенал, а само три минути подоцна Дејвид Брукс зголеми на 2:0. Македонија кратко се врати во игра во 23. минута кога Бојан Миовски погоди по асистенција на Дарко Велковски.
Сепак, домашните продолжија со силното темпо – Бренон Џонсон погоди за 3:1 во 37. минута, а Даниел Џејмс ја продолжи голеадата во 57. минута. Во финишот, Вилсон постигна уште два погоди (75’ и 81’), а конечните 7:1 ги постави Нејтан Броадхед во 88. минута.
Со овој триумф Велс го обезбеди второто место во групата зад Белгија, додека Македонија заврши како трета.
Во другиот меч од групата, Белгија рутински го совлада Лихтенштајн со 7:0.
Конечна табела (Група J):
Белгија – 18
Велс – 16
Македонија – 13
Казахстан – 8
Лихтенштајн – 0
