Македонија

Во Собранието интервјуа на уште петмина кандидати за претседател на ДКСК

19.11.2025 09:25

Комисијата за селекција на кандидати денеска треба да ги интервјуира Ненад Трифуновски, Благица Трошанска, Кимо Чавдар, Адем Чучуљ, Феузи Џафери, додека вчера беа интервјуирани Весна Доревска, Владимир Наумоски, Антонио Санев, Бранко Смилевски, Валентина Тодоровска.

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе продолжи со спроведување на интервјуата на кандидатите за избор на претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Комисијата за селекција на кандидати денеска треба да ги интервјуира Ненад Трифуновски, Благица Трошанска, Кимо Чавдар, Адем Чучуљ, Феузи Џафери, додека вчера беа интервјуирани Весна Доревска, Владимир Наумоски, Антонио Санев, Бранко Смилевски, Валентина Тодоровска.

За позицијата се пријавија 13 кандидати, а по извршениот процес на селекција во Комисијата останаа десетмина.

Претседателот на Комисијата за селекција на кандидатите, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски вчера информираше дека во петок ќе биде свикана седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на која ќе биде изгласан кандидатот по донесувањето на одлуката од членовите на Комисијата за селекција.

Стојаноски нагласи дека по завршувањето на интервјуата на десетте кандидати, односно во четврток членовите на Комисијата за селекција на кандидатите треба да се соберат и да донесат одлука за рангирање на кандидатите соодветно и да ги оценуваат секој член на Комисијата посебно.

Постапката за избор на претседател на ДКСК продолжува по завршувањето на локалните избори, а Собранието врши повторен избор на прв човек на антикорупциска по оставката на Татјана Димитровска, осомничена за вмешаност во случајот „Адитив“.