Македонија

Почна судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“

19.11.2025 10:11

Петнаесетмина обвинители ќе го докажуваат обвинението за оваа трагедија. Рочиштето се одвива под силно полициско обезбедување...

Денеска почна судењето за стравотниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, во кој животот го загубија 63 луѓе. Комплицираниот судски процес во кој се обвинети 35 физички и три правни лица, се одвива во големата судница во Идризово.

Петнаесетмина обвинители ќе го докажуваат обвинението за оваа трагедија. Рочиштето се одвива под силно полициско обезбедување.

Со главната расправа ќе раководи судијката Диана Груевска-Илиевска. Зад себе има 19-годишно судиско искуство, а претходно делеше правда во високо-профилирани судења.

Известува Марина Стојанова-Тонева