Обама во Естонија- украинската криза во фокус

03.09.2014 10:58

Трите поранешни советски републики, Естонија, Литванија и Латвија, стравуваат од ставот на Русија дека има право да интервенира во одбрана на интересите на русофоните...

Претседателот на САД Барак Обама денеска пристигна во Естонија, каде што ќе разговара со лидерите на балтичките земји.

Тема ќе бидат украинската криза и Русија, пред самитот на НАТО. Се очекува Обама во Велс да ги поддржи плановите за сили за брза интервенција во источните членки на Алијансата.

Трите поранешни советски републики, Естонија, Литванија и Латвија, стравуваат од ставот на Русија дека има право да интервенира во одбрана на интересите на русофоните.

Естонија, во која 25 проценти од населението се Руси, беше првата која се пријави да биде домаќин на една од новите бази на НАТО.