Учество на Муртезани на Националната тркалезна маса за конвергенција на климатска и еколошка правда
Во своето обраќање министерот Муртезани нагласи дека климатската и еколошката правда се стратешки приоритет за Северна Македонија во процесот на пристапување кон Европската унија...

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, учествуваше на Националната тркалезна маса за конвергенција на климатска и еколошка правда што денес се одржа во Клубот на пратеници во Скопје. Во своето обраќање министерот Муртезани нагласи дека климатската и еколошката правда се стратешки приоритет за Северна Македонија во процесот на пристапување кон Европската Унија.
Особено го истакна влијанието на климатските ризици врз ранливите групи, значењето на Националниот енергетски и климатски план, потребата од регионална соработка, улогата на Архуската конвенција во зголемување на транспарентноста и важноста на Акцискиот план за еколошка правда.
Муртезани порача дека земјата сака да биде активен придонесувач кон регионалната и европската зелена трансформација.
