САД

Претставничкиот дом на САД со огромно мнозинство изгласа објавување на досиејата на Епштајн

19.11.2025 17:25

Двата дома на конгресот се согласија да му наложат на Министерството за правда да ги објави досиејата за Џефри Епштајн. за наредбата да стапи во сила, треба да биде потпишана од американскиот претседател. Изминатата недела Трамп и неговите врски со Епштајн повторно во насловите, откако беа објавени повеќе од 20 илјади документи, а во некои од нив го споменуваат претседателот. Трамп негира каква било врска со Епштајн. Џефри изврши самоубиство во затворска ќелија во 2019 година. Беше притворен под обвинение за трговија со луѓе и сексуални престапи, а меѓу неговите клиенти се најдоа јавни лица...

Двата дома на Конгресот се согласија да му наложат на Министерството за правда да ги објави досиејата за Џефри Епштајн. Претставничкиот дом со огромно мнозинство ја одобри мерката со 427 гласа „за“ и 1 „против“, а Сенатот едногласно ја забрза одлуката без формално гласање. За наредбата да стапи во сила треба да биде потпишана од американскиот претседател.

„Не станува збор за демократи наспроти републиканци или за конгрес наспроти претседател, станува збор за транспарентност пред американскиот народ и повикување на одговорност на сите луѓе во кругот на Епштајн кои овозможиле злоупотреба на стотици девојки со години. Жртвите на Џефри Епштајн чекаа доволно долго, нека излезе вистината на виделина“, изјави Чак Шумер – лидер на малцинството во Американскиот сенат.

„Преживеанитe жени кои се тука со нас, беа тие што го усвоија овој закон, затоа што тоа беше нивна храброст. Тоа беше нивна болка. И токму нивната светлина сјаеше низ темнината што го усвои овој закон“, изјави Тереза Леже Фернандез – претседателка на Демократската женска група.

Новата документација повторно ја отвора најконтроверзната мрежа на врски меѓу моќни политичари, милијардери, академици и познати јавни личности. Изминатата недела Трамп и неговите врски со Епштајн повторно во насловите, откако беа објавени повеќе од 20 илјади документи, а во некои од нив го споменуваат претседателот. Белата куќа негираше какво било кривично дело.

„Немам никаква врска со Џефри Епштајн. Ги прекинав врските со него пред многу години, затоа што мислев дека е болен перверзник и се покажа дека сум бил во право. Бил Клинтон, Лари Самерс, беа со него секоја вечер, секој викенд. Тие одеа на неговиот остров многу пати, јас никогаш не бев“, изјави Доналд Трамп – претседател на САД.

Епштајн, изврши самоубиство во затворска ќелија во Њујорк во 2019 година. Тој беше притворен под обвинение за трговија со луѓе и сексуални престапи, а меѓу неговите клиенти се најдоа јавни лица. Поранешната партнерка на Епштајн отслужува 20-годишна казна за трговија со деца.

 

Катерина Бојаџиева