Филипче: СДСМ ќе се спротистави на секој обид за прикривање на вистината или правдата за Кочани
Будно ќе го следиме судскиот процес за трагедијата во Кочани, барам и очекувам процесот да се води отворено и транспарентно. Ова го должиме на родителите и на сите граѓани, од партиската говорница во СДСМ, го порача лидерот Венко Филипче, посочувајќи дека ова ќе биде голем тест за зрелоста на нашето општество.

Тој вели дека не е зачуден од реториката на премиерот Мицкоски кој вели дека СДСМ води некрофилска политика, а таквата реторика претставува немоќ и фрустрација поради неможноста да се изманипулира и случајот да се стави под тепих. Филипче вели дека нема ништо против во Анкетната комисија да се разговара и за случаите „Модуларна болница“ и „Ласкарци“.
Спин на власта е дека судиите бараат енормно високи плати и тоа се споредува со други држави. Бараат плати во склоп со реформите кои во моментов во судството се замрзнати – смета првиот социјалдемократ.
Прес-конференцијата на Филипче е срамен обид да глуми чесен во ситуација кога цела држава знае освен Обвинителството дека има сериозни дамки од Модуларната, па се до разни набавки во Здравството. Сметаме дека обврска и одговорност на судот е да има правда за случајот со „Пулс“, и да ги повика на одговорност сите кои се огрешиле во било каква смисла, без разлика на политичка или етничка припадност, и да не води сметка на било какви политички пораки и притисоци – пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Миле А. Ристески
