ХРВАТСКА

Дефект во противпожарниот систем причината за пожарот во зградата на „Вјесник“

19.11.2025 18:11

Неправилното функционирање на системот за заштита довело до многу побрзо ширење низ внатрешните делови на објектот. Помали пламени јазици и чад има и денеска...

Дефект во противпожарниот систем, е причината поради која избувна големиот пожар во загрепската зграда „Вјесник“, покажуваат првичните наоди. Неправилното функционирање на системот за заштита довело до многу побрзо ширење низ внатрешните делови на објектот.

Помали пламени јазици и чад има и денеска. Според пожарникарите, тоа е нормална појава по толку голем пожар. По подетална проценка ќе се донесе одлука-реновирање или рушење на зградата.

„Имаше четири нови пожари, кои беа изгаснати однадвор со помош на камион со скала. Целиот ден беше ужасен, бидејќи навистина бев загрижен за мојата екипа. За среќа, немавме повредени. Имаше само една полесна повреда, но ситуацијата беше навистина тешка“, изјави Томислав Ресман, заменик-командант на противпожарната служба на Загреб.