Македонија

Почна судењето за пожарот во „Пулс“, на обвинителна клупа 34 физички и три правни лица

19.11.2025 16:34

Почна судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во Кочани не изгоре само клубот Пулс, со него изгоре илузијата дека одговорните во системот се тука кога треба да заштитат, истакна во воведен говор обвинителот Борче Јанев...

Во Кочани не изгоре само клубот Пулс, со него изгоре илузијата дека одговорните во системот се тука кога треба да заштитат, истакна во воведен говор обвинителот Борче Јанев. Тој вели – опасноста која демнела со години, како последица на институционална негрижа, никој од обвинетите не сакал да ја види. Во објект кој не ги задоволувал стандардите за дискотека бил договорен музички настап со употреба на пиротехника. Истрагата покажала, вели обвинителот, дека локалот и претходно палел факели и огнови, а кобната ноќ, член на бендот со далечинско ги вклучил трите пиротехнички фонтани.

Претходно, судијката најави транспарентна постапка. Секое неоправдано одложување на процесот ќе биде санкционирано.

Со одлука на судот, двете постапки се споија во еден предмет. На обвинителна клупа седат 35-мина, а одговорност се бара и од три фирми. Се товарат за тешки дела против општата сигурност.

Анита Димитријевска – Велковска