Сол и машинерија на улиците

19.12.2013 11:18

Екипите на зимската служба на Град Скопје изминатата ноќ и во текот на утрово интервенирале на критичните точки на градските сообраќајници со фрлени 22 тони индустриска сол. Екипите на зимската служба на Град Скопје и јавното претпријатие „Улици и патишта" на терен интервенираа со возила – соларки и соларки со плуг на сите булевари во надлежност на град Скопје. Градските екипи интервенираа на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот.

Екипите на зимската служба на Град Скопје изминатата ноќ и во текот на утрово интервенирале на критичните точки на градските сообраќајници со фрлени 22 тони индустриска сол. Екипите на зимската служба на Град Скопје и јавното претпријатие „Улици и патишта" на терен интервенираа со возила – соларки и соларки со плуг на сите булевари во надлежност на град Скопје. Градските екипи интервенираа на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот. Дополнително, интервинирано е на булеварите „Партизански одреди", „Митрополит Теодосиј Гологанов", „Свети Климент Охридски" и на другите булевари каде што  е забележан  замрзнат коловоз.  Во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а останатите се во надлежност на општините. Градот Скопје претстојната зима снегот од градските улици ќе ги расчистува со вкупно 24 возила.