Брисел

Состанок на Советот на шефови на дипломатии на ЕУ

20.11.2025 08:29

Синоќа високата претставничка на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, организираше вечера за шефовите на дипломатиите на шесте земји од Западен Балкан, меѓу кои и македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски...

Во Брисел состанок на Советот за надворешни работи на Европската Унија, на кој, според најавите од Атина, ќе биде презентирана грчката иницијатива за европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Синоќа високата претставничка на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, организираше вечера за шефовите на дипломатиите на шесте земји од Западен Балкан, меѓу кои и македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски.

На средбата со еврокомесарката за проширување, Марта Кос, Муцунски ја потврдил силната посветеност на државата на евроинтегративниот пат. Еврокомесарката ја изразила поддршката за Македонија и ги поздравила континуитетот во реформите и фокусот на владата по локалните избори.