Украина

Зеленски сака мир,смета на турската дипломатија

20.11.2025 08:34

Посетата следи по извештаите за нов мировен план од 28 точки меѓу САД и Русија, кој наводно предвидува територијални отстапки од Украина...

Американска воена делегација предводена од секретарот Ден Дрискол пристигнаа во Киев на разговори со Зеленски за завршување на војната. Посетата следи по извештаите за нов мировен план од 28 точки меѓу САД и Русија, кој наводно предвидува територијални отстапки од Украина. Зеленски, по средбата со турскиот претседател Ердоган, смета на турската дипломатија, Ердоган со порака-Истанбулскиот процес мора да се реактивира. На фронтот пак не запираат интензивните руски напади во неколку региони во Украина.

„Војната мора да заврши. Заедно со Турција, го делиме ставот дека Мирот и безбедноста мора да бидат загарантирани. Безбедносните гаранции се многу важни. Ќе продолжиме со тесна координација, работејќи со сите наши партнери“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

„Турција е секогаш подготвена да разговара со Русија за предлози што ќе го забрзаат прекинот на огнот и ќе го отворат патот за праведен и траен мир. Би било корисно повторно да се активира Истанбулскиот процес. Веруваме дека разговорите во Истанбул се важна пресвртница во напорите за дипломатско решение“, изјави Реџеп Таип Ердоган, претседател на Турција.