Блиски Исток

Жртви и повредени во израелски напади во Газа

20.11.2025 08:40

Вашингтон се сомнева дека Хамас се обидува да го прекрши прекинот на огнот за да избегне разоружување и предавање на власта...

Десетици жртви и повредени во нов бран израелски напади низ Газа откако нивните војници биле нападнати. Вашингтон се сомнева дека Хамас се обидува да го прекрши прекинот на огнот за да избегне разоружување и предавање на власта. Израел ги засилува и ударите во Јужен Либан во обид да го спречи јакнењето на Хезболах, кој одби целосно да се разоружа. Израелците на границата загрижено ја следат ескалацијата.

„Ако нешто брзо не се промени во Либан и владата не ја преземе власта и не го разоружа Хезболах, тогаш војната ќе се врати тука, бидејќи во спротивно никој нема да ги запре и тие продолжуваат да размислуваат како да го уништат Израел“, изјави Боаз Пери-жител на северен Израел.