Трамп потпиша, се отвораат досиејата на Епштајн
Тој претходно се спротивстави на објавувањето на досиејата, но го смени ставот по притисокот од жртвите на Епштајн и членовите на неговата Републиканска партија...

Американскиот претседател Трамп потпиша закон со кој Министерството за правда ќе ги објави досиејата на починатиот осуден сексуален престапник Џефри Епштајн, откирвајќи ја контроверзната мрежа на врски меѓу моќни јавни личности.
„Можеби вистината за овие демократи и нивните врски со Џефри Епштајн наскоро ќе биде откриена, бидејќи јас штотуку го потпишав законот за објавување на досиејата на Епштајн!“ - напиша Трамп на социјалните мрежи.
Тој претходно се спротивстави на објавувањето на досиејата, но го смени ставот по притисокот од жртвите на Епштајн и членовите на неговата Републиканска партија. Со негова поддршка, законот беше усвоен со огромно мнозинство од двата дома на Конгресот, Претставничкиот дом и Сенатот.
