Федерер ќе биде примен во Меѓународната тениска сала на славните
Швајцарецот освои 103 титули во текот на својата кариера, вклучувајќи 20 грен слем титули. Тој го држи рекордот за најмногу последователни недели на првото место во светот – 237...

Поранешниот светски број еден, швајцарскиот тенисер Роџер Федерер, ќе биде примен во Меѓународната тениска сала на славните во 2026 година, објави АТП.
Федерер, којшто беше номиниран на почетокот на октомври, за изборот дознал од други членови на Куќата на славните за време на телефонски разговор со Стефан Едберг и Борис Бекер.
Швајцарецот освои 103 титули во текот на својата кариера, вклучувајќи 20 грен слем титули. Тој го држи рекордот за најмногу последователни недели на првото место во светот – 237, од февруари 2004 до август 2008 година. Федерер се пензионираше во септември 2022 година.
Официјалната церемонија ќе се одржи од 27 до 29 август 2026 година во Њупорт, Велика Британија.
