Путин и Порошенко најдоа заеднички јазик?!

03.09.2014 11:28

Во телефонски разговор генерално се согласиле околу тоа што треба да се преземе за да се стави крај на украинската криза...

Рускиот и украинскиот претседател најдоа заеднички јазик. Путин и Порошенко во телефонски разговор генерално се согласиле околу тоа што треба да се преземе за да се стави крај на украинската криза.

Двајцата лидери минатата недела се сретнаа во Минск, но не постигнаа напредок.

Инаку, денеска во Украина беше најден мртов рускиот фоторепортер Андреј Стењин кој се водеше како исчезнат од почетокот на август.

Од неговата куќа „Риа новости“ велат дека сепак не бил заробен, туку загинал пред еден месец.