Полициска акција во Штип, приведен поранешен раководител на подружница на УЈП
Во Штип се спроведува полициска акција во рамки на истрага поврзана со Управата за јавни приходи, при што е приведен поранешен раководител на подружница на УЈП...

Полициски службеници утринава влегоа во Управата за јавни приходи Штип, и според првичните информации приведен е поранешен раководител на УЈП. Од МВР потврдуваат дека има акција на теритријата на цела држава, пренесува МИА. Дел од медиумите пренесуваат дека во акцијата се уапсени 11 лица – службеници, вработени и раководни лица од Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат.
Полициски службеници од СВР Штип, ОВР Кочани во соработка со Одделот за криминалистичка полиција по насоки на ОЈО Кочани преземаат повеќе активности на неколку локации низ државата. По завршувањето на акцијата јавноста ќе биде соодветно известена, соопштуваат од МВР.
