ССМ

Минималните месечни трошоци во ноември 65.173 денари

20.11.2025 18:28

Минималните трошоци на едно семејство во ноември изнесуваат 65.173 денари, а со изнајмен стан од 60 квадрати изнесува 80.548 денари...

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец ноември 2025 година изнесува 65.173 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија.

Споредено со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец октомври 2025 година, која изнесува 65.544 денари е намалена за 371 денари.

Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец ноември изнесува 80.548 денари, велат од ССМ.