Завршни зборови на судењето Груевски- Заев

03.09.2014 11:44

На вчерашното рочиште судот ги соочи претседателите на двете најголеми политички партии Груевски и Заев. Премиерот рече дека со клеветата му е нанесена огромна и ненадоместлива штета по честа и угледот. Зоран Заев пак одби да се извини...

На денешното рочиште на судскиот процес за клевета каде премиерот Никола Груевски бара 50 илјади евра оштета за невистините кои лидерот на опозицијата ги изнесе околу продажбата на „Македонска Банка“ се очекува адвокатите на двете страни да ги дадат своите завршни зборови. По ова на Судскиот совет му останува да ја донесе пресудата и да го  закаже термнинот кога ќе ја соопшти својата одлука.

На вчерашното рочиште судот ги соочи претседателите на двете најголеми политички партии Груевски и Заев. Премиерот рече дека со клеветата му е нанесена огромна и ненадоместлива штета по честа и угледот. Зоран Заев пак одби да се извини и рече дека се уште основано се сомнева дека Груевски зел поткуп по милион и пол евра.

Сведокот на одбраната, Јовица Стефановиќ – Нини, кој според Заев е еден од трите гласа на спорната аудио снимка, во понеделникот пред судот рече дека премиерот не го познава и со него никогаш не разговарал на телефон ниту пак договарал преку посредник каква и да било провизија за продажба на банката.

Груевски за десет пати го намали отштетното побарување за клевета, од 500 на 50 илјади евра.