Одбојка

Иран е мундијалскиот хит

03.09.2014 11:47

Одбојкарите на оваа земја се редовни учесници на големите светски натпреварувања, но малкумина кој очекуваше дека Иранците во првите две кола од светското првенство во Полска ќе извојуваат победи над велесилите Италија и САД...

Познат е квалитетот на  репрезентацијата на Иран. Одбојкарите на оваа земја се редовни учесници на големите светски натпреварувања, но малкумина кој очекуваше дека Иранците во првите две кола од светското првенство во Полска ќе извојуваат победи над велесилите Италија и САД! Вчера ја совладаа селекцијата на  САД со 3:2 и заседнаа  на чело на „Д“ групата со 5 бода. Салата во Краков беше сведок и на спортската драма на дуелот меѓу Италија  и Франција. Французите имаа водство од 2:0 во сетови и шанса за максимална победа, но „Аѕурите“ на  волшебен начин  се вратија во мечот и на крај триумфираа со 3:2.Во „А“ групата не беше воопшто загрозена доминантноста на фаворитите. Полска ја надигра Австралија со 3:0 и со максимални 6 бода чекори „домаќински“ сигурно. Србија со 3:1 над Аргентина ја извојува првата победа.

Резултати:

„А“ група: 2 коло„Д“ група: 2 коло

Полска-Австралија 3:0Иран-САД    3:2

Србија-Аргентина  3:1Белгија-Порторико 3:0

Венецуела-Камерун 3:1Италија-Франција  3:2

Табела:                                         Табела:

1.Полска  6                                  1.Иран    5

2.Аргентина 3                              2.Франција  4

3.Австралија  3                            3.Белгија 4

4.Србија  3                                  4.САД  3

5.Венецуела 3                              5.Италија   2

6.Камерун  0                                6.Порторико 0

Денеска на светското првенство втор излез ќе имаат репрезентациите од „Б“групатаво Катовице и од „Ц“ групата во Гдањск.Најголема резултатска неизвесност се очекува на натпреварот меѓу Куба и Германија, донекаде и во соочувањето меѓу Бугарија и Канада. Бразил е голем фаворит против Тунис,како и Русија против Египет.

„Б“ група: 2 коло                                „Ц“ група: 2 коло

13.10 Куба-Германија                        13.10 Бугарија-Канада

16.40 Финска-Ј.кореја                        16.40 Мексико-Кина

20.25 Бразил-Тунис                            20.25 Египет-Русија