Македонија

Пуштен во употреба мултифункционален спортски центар во Прилеп

20.11.2025 20:37

Новиот спортски центар обезбедува услови за развој на спортот, рекреацијата и здравите навики кај граѓаните, со посебен фокус на младата популација...

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска официјално го пушти во употреба новиот современо уреден мултифункционален спортски центар кој се наоѓа во населбата Точила.

Со оваа инвестиција на Министерството за спорт, Прилеп се приклучува на мапата на локалните самоуправи кои добиваат современи и функционални простори за спорт и рекреација. Новиот спортски центар обезбедува услови за развој на спортот, рекреацијата и здравите навики кај граѓаните, со посебен фокус на младата популација.