Министерство за правда

Правда: Клучни закони што ќе придонесат за независно и ефикасно судство

20.11.2025 17:11

И покрај оценката дека има ограничен напредок во владеењето на правото, од Министерството за правда велат сработиле клучни закони што ќе придонесат за независно и ефикасно судство. Од канцеларијата на ЕУ во земјава потсетување дека правдата мора да биде достапна за сите граѓани.

Нема правда без владеење на правото. И покрај оценката на ЕУ дека нема напредок, од ресорното министерство, велат подготвени се законите за платите на судиите и обвинителите и законот за Судски совет. Влегуваат во собраниска процедура до крајот на годинава, и ќе се испочитува пролонгираниот рок за нивно донесување до јуни идната година.

Правдата мора да биде достапна за сите граѓани, оценија од делегацијата на ЕУ. Ова е клучен критериум по кој се раководат сите членки на Унијата, и се очекува и од земјите кандидатки.

Лани 5.030 граѓани побарале правна помош од Министерството за правда.

Реформите за владеењето на правото се дел од првиот кластер поглавја што кандидатката прва ги отвора и последна ги затвора пред приемот во ЕУ.

На Европскиот ден на правдата, најмладите добија награди за свои слики и есеи на тема правда.

Ирина Гелевска