Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“
Судењето за „Онкологија 2“ започна од почеток поради промена на поротник. Обвинети во случајот се поранешниот медицински директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев и економскиот директор Нехад Нухи...

Доктор Васев ми даде терапија која беше дефицитарна и од која на Клиниката имаше останато само три ампули. Договорот беше да ја примам, затоа што кај мене ќе даде ефект, но да нема пишан траг и документ дека ми го дал лекот. Ваков исказ даде пациентка болна од рак, која на предлог на Обвинителството пред судот сведочеше и рече оти екс-директорот не и барал пари за возврат.
На рочиштето за економскиот дел од случајот „Онкологија“ сведочеше и медицинска сестра која потврди дека од Клиниката неколку пати се краделе лекови. Нејзина колешка била фатена на дело, а во друг случај при редовен попис е утврдено дека недостигаат 90 ампули.
Процесот продолжува со докази на Обвинителството.
Анита Димитријевска – Велковска
