мвр
Претрес во битолско, пронајдено оружје и муниција, приведено едно лице
20.11.2025 17:44
При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се ловечка пушка и патрони за пушката...

На 19.11.2025 во 17:45 часот во с. Граешница, битолско, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода В.Ј.(56) с. Граешница. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се ловечка пушка и патрони за пушката.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информира МВР.
