Инспектори и раководители од УЈП и Пазарниот инспекторат под лупа на истражителите
Осомничени се за злоупотреба на службената положба, давање и примање поткуп, фалсификување исправи. Државниот обвинител Коцевски вели дека оваа предистрага не е поврзана со пожарот...

Инспектори и раководители од УЈП и Пазарниот инспекторат од утрово се под лупа на истражителите. Уапсени се единаесетмина. Се проверува дали потфрлиле во проверките на дискотеката „Пулс“. Според првичните информации со предистрагата се опфатени и лица на раководни функции.
Осомничени се за злоупотреба на службената положба, давање и примање поткуп, фалсификување исправи. Државниот обвинител Коцевски вели дека оваа предистрага не е поврзана со пожарот.
„Овој предмет не може да се спои со сегашниот предмет за Кочани затоа што овде не е поврзаноста со штетната последица, односно смрт. Ова се кривичи дека за злоупотреба, давање и примање поткуп што нема врска со овој кривично правен-настан односно со предметот за Кочани кој во моментов е во тек“, изјави државниот обвинител Љупчо Коцевски.
Од МВР велат дека координираната акција меѓу повеќе полициски сектори има за цел да обезбеди докази и нивно ефикасно документирање.
Игор Панов
