Поради Ешерихија коли, забрана за пиење вода од четири јавни чешми на скопско Водно

03.09.2014 12:00

По лабораториската анализа на хемиска и бактериолошка исправност констатирано е дека водата не одговара на правилникот за безбедност...

Со решение од Агенцијата за храна и ветеринарство се забранува употреба на водата за пиење од јавните чешми кај Жичарницата – Средно Водно, од преливната цевка на Средно Водно, под црквата Свети Јован – Капиштец и чешмата во дворот на шумската куќа на Средно Водно.

По лабораториската анализа на хемиска и бактериолошка исправност констатирано е дека водата не одговара на правилникот за безбедност поради зголемен број на колиформи бактерии и поради наод на Escherihia Coli, се наведува во денешното соопштение од општина Центар.

Агенцијата за храна и ветеринарство препорачува перманентна дезинфекција на водата, а од општина Центар напоменуваат дека овие води не се од водоснабдителниот систем на ЈП „Водовод“.