Здравство

Промени на протоколите за операции на срце, најави Алиу

20.11.2025 16:07

Новите протоколи и харт-тимовите ќе треба да ја вратат довербата во здравствениот систем, по алармирањето на кардиохирургот Сашко Кедев дека се вршат интервенции без медицинска индикација, за поголем профит...

Нема да им бидат потребни повеќе од три недели на лекарите од странство да ги разгледаат документите и да го дадат своето мислење за десетте досиеја за неосновано направени кардиоваскуларни интервенции, коишто ги детектираше интерната комисија, којашто ја формираше министерот за здравство.

Додека да се дознае вистината за неосновано упатување и правење на кардиоваскуларни операции, харт-тимови ќе даваат второ мислење дали некој пациент треба да се оперира или не.

Новите протоколи и харт-тимовите ќе треба да ја вратат довербата во здравствениот систем, по алармирањето на кардиохирургот Сашко Кедев дека се вршат интервенции без медицинска индикација, за поголем профит, а 15-члената интерна комисија го потврди овој факт.

Наташа Јанчиќ-Менковски